Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лаги во кои сами се убедувате и ја активирате кочницата на патот кон успехот

Лаги во кои сами се убедувате и ја активирате кочницата на патот кон успехот

Единствениот човек кој може да ви попречи на успехот, сте самиот вие. Не е општеството, не е државата, не е шефот. Да, некои од нас се привилигирани со подобар старт во животот, но секој може да напредува, ако е доволно упорен. Еве ова се најчестите лаги во кои се самоубедуваме и преку кои сами се саботираме.

1. Ми треба високо образование, за да успеам.

Дипломата од Универзитетот сосема не е задолжителна. Кога си претприемач пример, сам си началник. А и не заборавајте дека можете да се едуцирате и надвор од школите. Постојат десетици корисни курсеви и обуки, отворени за секого.

2. Немам доволно време.

Малку се луѓето за кои ова тврдење реално е точно. Ако имате време да влегувате во Facebook на еден час и да играте играчки на вашиот телефон, значи имате доволно време да се развиете, и да работите за успех. Поставувајте си високи цели и не се опуштајте.

3. Премногу стар / а сум.

Додека не сте пет метри под земја, сеуште можете да направите нешто со себе. Никогаш не е доцна да пробате нешто ново и да остварите некој вашиот сон.

4. Премногу е тешко да почнеш.

Да, тешко е. Но сето тоа е прашање на мотивација и иницијатива. Најди си ментор или барем некој да ве информира за сферата за која имате интерес. И запомнете - секое патување започнува со еден чекор. Штом еднаш се кандидирате, ќе се прашувате зошто сте го одложувале толку долго.

Слично

Поврзани вести