Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лабораторијата на МЕПСО прва во земјава со меѓународен стандард ISO/IEC 17025:2006

Лабораторијата на МЕПСО прва во земјава со меѓународен стандард ISO/IEC 17025:2006

Лабораторијата за испитување на изолациски материјали на МЕПСО доби акредитација согласно меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC17025:2006. Со тоа стана прва сертифицирана лабораторија во земјава за испитување на 10 својства на изолациски материјали што се користат во трансформатори и прекинувачи.

Лабораторијата е сертифицирана за испитување на следниве својства на изолациски материјали: густина, талог, диелектрична цврстина, коефициент на диелектрични загуби, специфичен електричен отпор, содржина на вода, точка на палење, кинематска вискозност, земање примероци за изолациски масла и испитување на квалитет на SF6 гас. Сертификатот за акредитација бр. ЛТ 068 согласно стандардот MKC ENISO/IEC 17025:2006 овој месец го издаде Институтот за акредитација на Република Македонија.

Лабораторијата за изолациски материјали е организациски дел одподружницата Оператор на преносната мрежа (ОПМ), во составот на МЕПСО.  Лабораторијата за испитување изолациски материјали е основана во 2000 година за периодични испитувања на квалитетот на изолациските масла (трансформаторско масло и масло за прекинувачи). Опремена е со современа опрема за испитување на 10 различни физичко-хемиски карактеристики на маслата. Во 2011 година се опреми  и со инструмент за on-line испитување на квалитетот на SF6 гас што се користи како изолациски медиум во  прекинувачите.  Оваа година МЕПСО за потребите на лабораторијата набави и гасен хроматограф за следење на состојбата на гасовите во енергетските и мерните трансформатори.

Слично

Поврзани вести