Економија, финансии, бизнис

Контакт

Квартален раст на продажбата и добивките на Атлантик Група и покрај рестрикциите

Квартален раст на продажбата и добивките на Атлантик Група и покрај рестрикциите

Прогласувањето на состојба на глобална пандемија и воведувањето на рестриктивни мерки на сите клучни пазари почнаа да влијаат на работата најмногу поради неможноста за продажба преку HoReCa каналот, но негативните влијанија се анулирани преку зголемена побарувачка во домаќинствата, првенствено на производите Argeta, Barcaffe и Grand kafe, Donat Mg, како и на фармацевтскиот ланец Farmacia.

Атлантик Група во првото тромесечје од 2020 година оствари приход од продажба во износ од 170,8 милиони евра, што претставува раст од 12,2 отсто во однос на истиот период минатата година, доколку се земат предвид дезинвестициите. Деловната добивка (EBIT) во овој период изнесува 16,2 милиони евра и е зголемена за 15,4 отсто, додека нето добивката во однос на првиот квартал лани порасна за 10,6 проценти, на 11,9 милиони евра.

„Тромесечијето на секој план беше одбележано пред сѐ од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, со која светот сѐ уште се нема изборено, а со новиот корона вирус и неговите последици тукушто учиме да живееме и работиме. Несомнено е дека оваа ситуација има ефект и на нас, меѓутоа досега, освен престанувањето на продажбата преку HoReCa каналот и падот на потрошувачката во on-the-go и импулсниот сегмент, немавме други значајни негативни влијанија на нашата работа. Баш напротив, во првиот квартал од оваа година остваривме значаен органски раст, кој е последица на одличната стратегија за бизнис областа (СБО) на Деликатесни намази, аптекарскиот ланец Farmacia, бизнис областите Donat MG и СБОКафе. Веруваме дека нашата стабилна финансиска позиција, историски највисоките резултати во 2019 година, постојаната посветеност на вработените на Атлантик Група, која во оваа ситуација особено дојде до израз, како и моќта на нашите брендови, ќе помогне да ја надминеме кризата без посериозни последици“, коментираше претседателот на Управата, Емил Тедески.

Најмногу растеа Argeta, Farmacia и Donat Mg

На вкупниот раст на приходите најмногу влијаеја Деликатесните намази со раст од 38,9 отсто и Donat Mg со раст од 12,5 отсто. Кафето со 33,6 милиони евра приход од продажба кое сочинува 19,7% од вкупните приходи се истакнува како најголема поединечна категорија. Во првиот квартал сегментот Кафе оствари раст од 5,4 отсто, од кои најмногу во свежо мелена и инстант категорија. Помеѓу поединечните пазари најзначаен раст од 13,2 отсто беше забележан во Словенија, а следни се БиХ со 12,7 отсто и Хрватска со 6,9 отто раст. Во вкупната продажба сопствените брендови имаат удел од 62,8 проценти, а брендовите од принципал и дистрибуција сочинуваат 27,3 отсто од вкупниот приход. Аптекарскиот ланец Farmacia, кој во првите три месеци бележи раст од 18,9 отсто, претставува 9,9 отсто од вкупниот приход од продажба.

Donat Mg на почетокот на годината, со оглед на специфичната функционалност и меѓународната перспектива, беше издвоен како посебнабизнис област од СБОПијалаци, чиј дел беше порано.

Заштита на здравјето на вработените, партнерите и сограѓаните

Иако работењето на Атлантик Група во поголемиот дел од првото тромесечје се одвиваше вообичаено, прогласувањето на пандемија предизвикана од КОВИД-19 и воведувањето на рестриктивни мерки на сите клучни пазари со цел превенција на ширење на вирусот, почнаа да влијаат на деловните процеси на компанијата во втората половина од месец март. Негативниот ефект се почувствува примарно преку неможноста за продажба преку HoReCa каналот поради затворањето на хотелите, рестораните и кафулињата и во одредена мера дури и на продажбата на производи наменети за консумација надвор од домовите и тн. импулсни производи. Овие негативни влијанија истовремено беа анулирани со зголемената побарувачка и правењето на залихи во домаќинствата, првенствено на производи како Argeta, Bakine tajne, но и Barcaffe и Grand kafe, Donat Mg, дел од солената и слатката програма на Štark, Cedevita за консумација дома, производите наменети за одржување на лична хигиена, како и производите кои се продаваат преку Farmacia.

Атлантик Група е меѓу првите компании кои воведоа мерки за заштита на вработените и партнертите, кои се состојат од превентивна работа од дома секаде каде што тоа е возможно, преку построги безбедносни процедури во производството и дистрибуцијата до правовремено обезбедени заштитни средства и опрема, и тоа не само во својот систем. Како социјално одговорна компанија, Атлантиксе приклучи во заедничката борба против новиот корона вирус на сите регионални пазари на кои делува, и донираше 3,7 милиони евра за вкупна помош во здравствените установи, како и на локалните кризни штабови и институции кои координираат активности за елиминирање на ризикот од зараза и заштита на жителите.

Слично

Поврзани вести