Купувајте со картичките MasterCard од Шпаркасе Банка и освојте вредни награди
Од денес започнува најновата Шпаркастична наградна игра во организација на Шпаркасе Банка Македонија, со богат фонд на награди за корисниците на дебитните и на кредитните картички од брендот MasterCard. Како главна награда банката доделува автомобил „опел астра“, како и други вредни награди, скутер „пјаџиолиберти“и пет мобилни телефони „ајфон 7“.
Правилата за учество им овозможуваат на корисниците на картичките од брендот MasterCard да учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 денари, направена во периодот од 01.11.2016 до 31.12.2016 година. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, а доколку трансакциите се направени со бесконтактната картичка MasterCard Debit, дури и двојна шанса за учество.
Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните или кредитните картички од брендот MasterCard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 13.1.2017 г. со почеток во 12:00 ч., во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена о дтројца официјални претставници. За повеќе информации околу Шпаркастичната наградната игра, како и за правилата, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.
