Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулите на Џеваир ги добија првите станари

Кулите на Џеваир ги добија првите станари
Голема заинтересираност има за луксузните апартмани кои се наоѓаат на највисоките катови во висококатницата во Аеродром, чија цена е 3.000 евра за квадратен метар, информира порталот Плусинфо. - Продажбата оди одлично, дури и подобро од очекуваното, коментира претставникот на „Џеваир холдингот“ во земјава, Ејуп Учук. Иако во јавноста неодамна проструи информација дека токму за еден од овие апартмани бил заинтересиран и познатиот турски актер, кој го игра Полат во серијата „Долина на волците“, засега тој сè уште не е станар на овој луксузен комплекс облакодери. - Актерот нема купено стан и нема никаква гаранција дека ќе купи. Засега сè се сведува само на збор, на пројавен интерес од негова страна за евентуално купување на апартман во една од четирите висококатници - вели Учук. Цената на становите на пониските катови, за кои всушност има и најголем интерес, се движи до 1.100 до 1.350 евра. Колку точно станови се продадени, Учук не можеше да ни даде информација, но, сепак, истакна дека иако има заинтересирани клиенти и надвор од земјава, досега немаат продадено стан на некој странец.
Слично

Поврзани вести