Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крушево будно 2019

Крушево будно 2019

Два дена резервирани за вистинска забава.

И оваа година по Четврт пат сите на “оpen air party“ во Крушево. Крушево будно во организација на Локалниот Младински Совет со поддршка од Општина Крушево и Министерство за Култура, Ве покануваат на незаборавна забава во Градскиот парк во Крушево со почеток од 21ч.

26ти Јули забавата е резервирана за The Shine и BackDoor Band кои ќе го отворат овогодинешното Крушево будно. За крај на првата вечер ги имаме легендарните Cyrillic кои ќе не држат будни до раните утрински часови.

На 27ми Јули започнуваме со локален ди-џеј со што ќе го најавиме настапот на младите дечки од  Bognas and Guitares кои со латино звуците ќе ја загреат атмосверата за моментално еден од  најпознатите македонски рок бендови Бени и Нон Стоп. За крај на овогодинешното Крушево будно имаме едно мало изненадување!

Тргнете се од вашето секојдневие, дојдете на одмор и добра забава, забава која нуди музика за сечиј вкус.

За време на настанот ќе бидат присутни претставници од неколку македонски универзитети, па така забавата ќе има и едукативен карактер!!

Дојдете да се информирате и забавувате!!! 26ти и 27ми Јули 2019 во Градскиот парк Крушево

Влез слободен

Слично

Поврзани вести