Крупниот добиток ќе прими вакцина против јазлеста кожа
Вкупно 250.000 вакцини се порачани против болеста јазлеста кожа кај говедата.
Вакцини ќе има за целиот фонд на крупен добиток или 226.000 грла, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.
Поповски кажа дека вакцините треба да стигнат за две недели, а ситуацијата со болеста е под контрола.
„Моментно има осум жаришта каде е детектирана болеста, но е локализирана и се знае дека е пренесена од Бугарија“- кажа директорот Поповски.
Како превентива на земјоделците им е наложено да одржуваат високо ниво на хигиена. За набавка на вакцините државата ќе одвои еден милион евра. Надлежните се справуваат со појавата на оваа болест, делувајќи заедно со фармерите и ветеринарните.
Болеста се појави кај животни во Делчево, Радовиш, Штип, Демир Капија, Струмица и Прилеп.
