Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кроација Осигурување“ ќе ја плати штетата од пожарот во Главната пошта

„Кроација Осигурување“ ќе ја плати штетата од пожарот во Главната пошта
Откако пред неполн месец избувна пожарот во Македонска пошта, избрана е компанијата која ќе го осигура имотот на Пошта  ретргоградно, од први јануари оваа година. Според А.Д Македонска пошта, согласно законските прописи, како најповолен понудувач е избрана „Кроација Осигурување“. Полисата на осигурување, како што стои во соопштението на Македонска пошта, ќе го опфати временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постапка како и тендерската документација  односно од први јануари 2013 година. Со ова, Македонска пошта нема да има никакви финансиски проблеми во однос на настанатите штети од неодамнешниот пожар, а штетата ќе биде покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на самата компанија, соопштуваат од Пошти.    
Слично

Поврзани вести