Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ќе работи со намален капацитет: Советуваме да ги користите следните начини на комуникација

КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ќе работи со намален капацитет: Советуваме да ги користите следните начини на комуникација

Ве информираме дека, согласно препораките и Одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19 (корона вирус), КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ад континуирано воведува мерки за заштита на клиентите и вработените во Компанијата. Имајќи ги во предвид препораките на надлежните органи, КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ ад ќе работи со намален капацитет во периодот што следи, заради заштита на вработените и клиентите како превенција од ширење на вирусот. Во таа насока, посети во нашите Филијали ќе бидат возможни само доколку имате неодложна потреба, но советуваме да ги користите следните начини на комуникација со нас.

Доколку Ви е потребна техничка поддршка за користење на апликацијата, отворен е дежурен телефонски број, +389 (2) 3215 116, или пак e –mail: webprodazba@crosig.mk на кој може да се обратите од 08.- 20.часот секој ден во неделата. Во моментов Компанијата редовно работи со полно работно време, но доколку има промени или затварање на некое продажно место, ќе издадеме ново соопштение. Во насока на чување на Вашето здравје Ве повикуваме да се придржувате до мерките на Владата на РСМ и нашата Компанија. КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – затоа што 130 години со гордост го осигуруваме она што Вие го создавате!

Слично

Поврзани вести