КРИЗА СО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО-Без толеранција кон злоупотребите!
По почетокот на руско-украинскиот конфликт, извозните цени на сончогледовото масло рапидно се зголемија поради фактот што Украина и Русија се светски лидери во снабдувањето со сончогледово масло.
Во 2018/19 година, уделот на извозот на овие земји покрива близу 80% од светскиот пазар. Од почетокот на војната, цената на сончогледовото масло се зголеми за 32% (од 23 февруари до 1 март според податоците на S&P Global).
Оваа анализа ги прикажува резултатите од истражувањето спроведено во периодот февруари-април 2022 година, во врска со објавување вести, написи и објави поврзани со кризата со сончогледово масло во сите дигитални медиуми во 6 земји од регионот на Западен Балкан.
Преку алгоритми за откривање засновани на клучни зборови специфични за темата, низрегионот на Западен Балкануспеавме да идентификуваме13.769 медиумски написи и објави на социјалните мрежикаде се споменува кризата со сончогледово масло и да измериме552.704 реакции на публиката(лајкови, коментари, споделувања и емоции).
ИНФОГРАФИКАТАпогоре го прикажувавкупниот дневен волумен на објавените вести/написи/објавиповрзани со кризата со сончогледово масло (црна линија со точки) иобемот на реакциите на публиката на вестите за секоја земја(наредени обоени области).
Понатаму,настаните и веститекои предизвикаа најголем дел од објавените написи и најголем дел од реакциите во јавноста во соодветните земји, се претставени навременската рамка од 15 февруари до 15 април.
Низ земјите од Западен Балкан, особеноКосовово анализираниот перод, на 10 март имашенајвисок врв на реакции во јавноста, што е10 пати повеќе од регионалниот просеки достигнува135,5 илјади јавни реакцииза еден ден. Написите и објавите кои поттикнаа најголем дел од реакциите во јавноста, беа поврзани со веста дека една од поголемите маркети се обидел да сокрие околу 100 илјади литри сончогледово масло во нивниот главен магацин додека имало недостиг на производот на нивните полици, со наводна намера подоцна да бидат пуштени на пазарот со повисоки цени.
Меѓу поистакнатите вести и настани кои придонесоа за поголем број на реакции од страна на публиката во објавите за кризата со сончогледово масло во други земји, беа:
Албанија– 12.03 колумната на Сали Беришаво врска со протестот на опозицијата во Тирана против стратосферското зголемување на цените предизвика 12 илјади реакции, а на 17.03изјавата на министерот за финансии и економијадека „Личноста што заработува 140 евра месечно (и повеќе) не треба да се смета за сиромашен во Албанија“ - предизвика 7 илјади реакции на публиката.
Босна и Херцеговина- На 28.02 беше објавена контрола нацените на основните прехранбени производиво државата, а на 15.03 веста занедостиг на сончогледово масло и зголемените цени, и двете предизвикаа околу 5 илјади реакции во јавноста.
Северна Македонија- 17.03 написите за веста за инспекциската казна на еден од маркетитепоради условување на купувањето на сончогледово масло со направена вкупна сметка од 800 мкд., предизвика најголема јавна врева од повеќе од 10 илјади реакции во анализираниот период.
Србија- 02.04напис на Блиц: „Како германската економија падна на колена преку ноќ?предизвика највисок број на реакции на интернет, а во
Црна Гора- 05.04веста за отворањето на новата фабрика за сончогледово масло во Тузлабеше најинтересниот настан за дигиталната публика во овој период.
Генералниот заклучок на оваа анализае дека: забележителен е пораст на вестите, написите и објавите во дигиталните медиуми за кризата со сончогледово масло во сите земји од регионот, како последица на почетокот на војната во Украина на 24.02.2022 година. Иако публиката покажа голем интерес и ангажман во врска со објавите за зголемените цени и владините кризни мерки на сончогледово масло,реакциите на јавноста се многу поистакнати(понекогаш десеткратно зголемени како во случајот со Косово) кога има докази, па дури и обид, кризата да се искористи за манипулација и профит на малкумина. Реакциите на публиката на вестите за вакви случаи, јасно покажаа дека јавноста имамала до никаква толеранција за таков тип на однесување.
ПР Објава
