Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични пријави за сендвичарниците кои предизвикаа масовни труења

Кривични пријави за сендвичарниците кои предизвикаа масовни труења
Две сендвичарници - „Стефани-А“ во Драчево и „Жу-Жу бургер“ во Центар ќе добијат кривични пријави откако се потврди дека со храната што ја продавале затруле десетици лица. „Жу-Жу бургер“, одговорна за труење на десетина лица, ќе добие две кривични пријави - една за пуштање во промет на штетни прехранбени продукти, а другата затоа што ја отстранила лентата за забрана за работа од Државниот здравствен и санитарен иснпекторат и наместо тоа ставила знак „Објектот се реновира“. Сендвичарницата ќе добие и прекршочна пријава, бидејќи не извршила здравствени превентивни прегледи на вработените и не спровела дезинфекција и дератизација на објектот. Кривична пријава ќе добие и сендвичарницата „Стефани-А“ во Драчево, од која 50-тина лица добија труење со храна. Освен ова двете сендвичарници ќе треба да платат и парични казни од по 6.000 евра. Институциите најавуваат засилени контроли во угостителските објекти кои продаваат храна, особено откако се утврди дека сендвичарницата од Драчево веќе третпат предизвикува масовно труење. Освен ова ќе се подготват и законски измени за зголемување на казните за вакви дела.
Слично

Поврзани вести