Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична пријава за непознат сторител заради листеријата

Кривична пријава за непознат сторител заради листеријата
Министерството за здравство поднесе кривична пријава против непознат сторител за ширење на опасната бактерија листерија, објави министерот за здравство Никола Тодоров. Досегашните анализи за присуство на бактеријата во повеќе млечни и сувомесни производи даваат негативни резултати и во нив нема изолирана листерија, но Тодоров вели дека не е задоволен од целата ситуација во која причинителот не се наоѓа, а четири лица веќе починаа од листериоза. „Иако ова воопшто не е надлежност на Министерството за здравство не можам да прифатам ситуација во која што имаме негативни мостри, а имаме четири жртви и заради тоа како Министерство за здравство иако, повторувам, не сме директно надлежни за оваа проблематика, во текот на денешниот ден ќе поднесеме кривична пријава против непознат сторител за производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и други продукти по член 213 од Кривичниот законик, а во врска со член 217 од Кривичниот законик, имајќи предвид дека има настапено смрт на едно или повеќе лица. За ова е предвидена многу сериозна казна“, вели Тодоров. Тој нагласи дека лично не се согласува доколку се најде одговорниот тој да одговара само со парична казна, во случај кога листеријата веќе однесе четири животи во Македонија и кога многу лесно можеше да дојде и до ситуација на епидемија. Досега земени се над триста мостри од храна. Дури и сите да се негативни, од Министерството велат дека и натаму ќе се бара изворот на заразата.
Слично

Поврзани вести