Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кристина: Ме погоди што има малку жени за градоначалници

Кристина: Ме погоди што има малку жени за градоначалници

РАЗГОВОР СО КРИСТИНА АРНАУДОВА ЗА МАШКО-ЖЕНСКИТЕ ОДНОСИ, КАРИЕРАТА И БРАКОТ

Има долгогодишна музика кариера, четири албуми зад себе, многу хитови, а она што најмногу ја исполнува е времето поминато со синовите Максим, кој следниот месец ќе наполни 7 години и двегодишниот Матео. Најголемата поддршка и се е мајката Мери и сопругот Александар Петровски, новиот директор на СЦ Борис Трајковски. Кристина Арнаудова е позната како личност која своите ставови секогаш јавно ги искажува, и во медиумите и на социјалните мрежи.

Пред неколку дена, пејачката прозборе за еднаквоста помеѓу мажот и жената кај нас, пишувајќи на својот Фејсбук профил дека еднаквоста во нашето општество е тежок популизам и фарса.

„Вистината е дека жените овде се третирани како робови, иако заработуваат многу често и повеќе од мажите. Овдешните мачо типови жените ги третираат како чистачки, беби-ситерки, готвачки, потрчковци, додека јаките мачо мажи доаѓаат од работа и си ги креваат нозете на фотелја пред нив. Три пати УА за сите лажни мажи, кои не знам од што предизвикани,  а мислат дека се супериорен пол. Морам да ве разочарам и да ви кажам, не нѐ сте. Кога кој било маж би го имал дневниот распоред на една жена, би легнал тешко болен по седум дена“, е статусот кој го напиша Кристина.

Таа вели дека инспирација и биле нештата коишто секојдневно ги гледа околу неа.

Повеќе читајте на zenskimagazin.mk. 

Слично

Поврзани вести