Економија, финансии, бизнис

Контакт

Креиран првиот онлајн курс „Креирање на младински политики“

Креиран првиот онлајн курс „Креирање на младински политики“

Фондацијата Претприемачки сервис за млади, овој месец, го креираше онлајн курсот „Креирање на младински политики“.

Курсот е наменет за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, на младите луѓе и на останатите чинители за активно вклучување во процесите за креирање младински политики и застапување.


Програмата на курсот, кој содржи вкупно 10 модули, нуди богата содржина преку која се објаснува што се младински политики, младинско учество и застапување, кои се процесите на креирање, мониторинг и евалуација на успешни младински политики. Содржините вклучуваат теоретски и практичeн дел и се обработени преку презентации, кои овозможуваат систематско запознавање со темите. Оваа методологија за онлајн учење овозможува активно учество на учесниците, бидејќи секоја целина нуди можност за проверка на знаењето и практична имплементација преку важби и задачи.

Онлајн курсот, бесплатно и со претходна регистрација, е достапен на следниот линк:  http://pretpriemacedu.mk/?p=7053

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето младински политики“ е финансиран од Европската унија, а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола.

За повеќе информации:

Елена Тимчева, elena.timcheva@yes.org.mk, тел: 02 3103 660

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на медиумот кој ја објавува.

Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади и Младински културен центар Битола. Овој ПР текст и неговата објава се подготвени со поддршка на Европската унија. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Европската унија.


Слично

Поврзани вести