Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредитирање со поволни услови и во текот на летото во ТТК Банка

Кредитирање со поволни услови и во текот на летото во ТТК Банка

Продолжува промотивнaта понуда на потрошувачките и станбени кредити на ТТК Банка со исклучително конкурентни каматни стапки и поволности до 30.9.2016 година.

Корисниците, приматели на плата во Банката, имаат можност да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит ПРЕМИУМ Смарт достапен со ФИКСНА каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,3% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период и рок на отплата до 8 години БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување до 30.9.2016 година.

За рефинансирање на помали износи на кредити или кредитни картички до 100.000 денари или за било кој друга намена,  достапен е промотивниот МОЈ кредит со фиксна каматна стапка од 0,5% годишно за целиот период на отплата без жиранти и без надоместок за обработка на барање и администрирање до 30.09.2016 година.

Промотивната понуда на ТТК Банка и понатаму го вклучува СУПЕР станбениот кредит без трошоци за процена и обработка на барање за кредит, а со намалена провизија за одобрување до 30.9.2016 година. Покрај купување или градба на станбен или деловен простор, средствата може да се искористат и за реновирање, адаптација и реконструкција на станбен простор по исклучително поволни услови со ФИКСНА каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со само 10% сопствено учество.

Без надоместоци, секаде и во секое време корисниците имаат можност за брз, едноставен, постојан и безбеден начин за плаќање и информирање за сметките, производите и услугите преку електронското и мобилно банкарство ТТК м-банка.

Повеќе информации за кредитните и други производи и услуги на ТТК Банка може да се најдат на интернет-страницата www.ttk.com.mk.

Слично

Поврзани вести