Креативно првоаприлско уживање за посетителите на Веро центар
Дечиња маскирани како омилените ликови од цртаните филмови, суперхерои, гусари, полицајци, диносауруси, пчелички, бубамари, но и родители со различни маски, беа дел од големата првоаприлска забава што се одржа во Веро центар по повод Денот на шегата – 1 Април. Освен што се забавуваа, бројните посетители во Веро центар научија и нешто ново на работилниците наменети за развивање на детската креативност и фантазија.

Неколкучасовната забава почна со претставата „Шумски маскенбал“, на која децата уживаа во приказната за шумските животни кои за 1 Април се маскираат како своите омилени музички ѕвезди. Дружбата продолжи со креативна работилница на која тие изработуваа куклички за на рака од чорапи, хартија, дрвени штипки, волница, сатенски ленти и други додатоци. Откако ги завршија кукличките, дечињата заедно со нивните ментори подготвија и кратка претстава инспирирана од ликовите што ги креираа. Дел од забавата беше и изработката на првоаприлски маски, при што децата ја ослободија својата фантазија и ги направија маските од соништата. Големата забава беше надополнета со многу музика, смеа и танцување, активности во кои се вклучија и присутните родители.

Од менаџментот на Веро објаснуваат дека првоаприлската забава во Веро центар последниве години станува традиција на која особено ѝ се радуваат најмладите.
- Оваа традиционална забава од година во година привлекува сѐ повеќе посетители. Сепак, таа не е наменета само за најмладите, туку и за родителите кои секогаш се подготвени да поминат квалитетно време со своите деца. 1 Април е денот кога Веро центар се претвора во големо забавно место наменето за уживање на целото семејство, какво што вусшност е и во текот на целата година, преку многубројните активности кои ги организираме во оваа насока – велат од менаџментот на Веро.

Од Веро најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат да организираат различни настани наменети за забава на посетителите.
