Економија, финансии, бизнис

Контакт

Креативни работилници за децата во „Капитол Мол“

Креативни работилници за децата во „Капитол Мол“
Во Капитол мол, почнуваат со работа креативни работилници, кои ќе се одржуваат редовно со определена динамика, на која дечиња од најразлична возраст ќе се учат на нови вештини, ќе се дружат и ќе поминуваат време во креативен амбиент. Денеска и утре во Капитол мол во соработка со здружението МАТА ќе се одржат креативни работилници, на кои ќе се изработат уникатни уметнички предмети. Посетителите ќе бидат водени од тројца стручни модератори, и ќе изработуваат велигденски честитки и лампиони во форма на јајца, зајчиња од рециклиран материјал, украсни филцани сапуни и сл. Тие со специјални бои ќе сликаат велигденски мотиви на керамички садови и дрвени украсни фигури. Целта на овие активности во Капитол мол е да се потикнуваат и поддржуваат креативните вредности, а граѓаните покрај шопинг, да може да поминуваат и квалитетно слободното време во молот. Изработените предмети ќе се откупуваат.
Слично

Поврзани вести