Кражби во Тетово и Скопје – штета од илјадници евра
На 16 и 17 мај 2014 година во времето од 18:10 до 13:45 часот во Тетово, во СГУ„Кирил Пејчиновиќ“, засега непознат сторител извршил тешка кражба во канцеларијата на професорите од наведеното училиште, при што се одземени дневниците од пет класа и на ѕидовите од ходниците на приземјето и катот со креда се испишани графити со вулгарна содржина. Имено, сторителот насилно со подесен предмет делувал на вратата од канцеларијата на техничкиот персонал, ги зел клучевите, го отворил прозорот од заштитната метална решеткаста врата од канцеларијата на професорите, влегол внатре, ги одзел дневниците и го напуштил лице местото, информираат од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите.
Вчера во временскиот период од 01:00 до 06:00 часот во село Мала Речица-Тетово, во куќа сопственост на С.А.(1963), засега непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на прозорот од кујната, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 18.000 денари, 470 евра во разни апоени, еден пиштол „Чешка Зброевка“ модел ЦЗ75Б кал.9мм, Лугер со фаб.бр.3685Ј и рамка со шест куршуми, кој со дозвола го поседувал С.А., а потоа го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Ноќеска пак во 00:45 часот во ЦИК-Скопје, Г.Ј. од село Волково-Скопје, пријавил дека од страна на непознат сторител му била извршена тешка кражба на тој начин што ја искршил влезната врата и по извршено пребарување го одзел службениот пиштол „ЦЗ“ кал.9мм со 2 рамки и 30 куршуми сопственост на МВР на РМ и неутврдена сума на пари.
Слично
