Краток вински советник – Оние луѓе што живеат во винска земја, мора да имаат и соодветна винска култура!
„Дали знаете што е „француски парадокс”? Вистинските јадења, треба да се комбинираат со винстински избор на вино. Типичен пример за тоа се Французите – нивниот начин на исхрана е комплексен, често составен од јадења „полни холестерол”. Но изборот на вино, е тоа што помага на организмот да ја обработи храната. И покрај масните специјалитети, стапката на срцеви заболувања во Франција е многу ниска – факт што е и медицински феномен”
- Рибата оди апсолутно со чаша бело вино. Природното врзување на омега 3 со освежувањето кое го овозможува виното на устата, дозволува вкусот на рибата да преовладува и оној кој ја конзумира, да го почуствува нејзиниот вистински вкус. - Црвеното вино содржи танин, што помага при дигестија на помасни месни специјалитети, кои воедно се и карактеристични за овој регион.” Ова се само дел од советите кои Александар Вучковски, сертифициран сомелиер ги сподели на првата, бесплатна едукативна работилница за подигнување на винската култура и свест во Република Македонија, која се одржа во Бар Форца.
Во пријатна атмосфера, посетителите конзумираа бело и црвено вино на Фантинел, квалитетно вино од регионот Фриули, Италија.
Втората работилница е закажана за денес, во 19:00 часот и истата ќе биде од отворен карактер за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за пијалокот на боговите, како и за начинот на дегустација на истиот. Третата работилница ќе се оддржи во Четврток, со почеток во 19:00 часот.
Ова е првата недела со која отпочнува караванот на Вино во фокус во Бар Форца.
Секоја недела, посетителите ќе можат да уживаат во еден од брендовите, чии вкусови ќе бидат промовирани со попуст на, веќе постоечките, супермаркет цени на вината. Во неделите посветени на брендовите присутни во винотеката, ќе се оддржуваат работилници, интернационални вечери, како и едноставни вечери посветени на квалитетното вино – активности кои се дел од новата стратегија на Бар Форца, односно промоција и унапредување на винската култура во Република Македонија.


