Економија, финансии, бизнис

Контакт

Краставицата конечно со разумна цена, за доматот ќе се почека

Краставицата конечно со разумна цена, за доматот ќе се почека

Краставицата од вчера конечно ја достигна разумната цена од 50-тина денари од килограм на зелените пазари и во маркетите, инаку сума која речиси секој може да си ја дозволи. 

Додека краставицата, претежно од Кочани и Струмица, поевтини на долгоочекуваната цена, доматот, оној македонскиот, и натаму варира околу 90-тина денари.

- Краставицата има реална цена, но доматот многу го бараат за извоз и родот не е многу голем. За него ќе се почека најверојатно три седмици за да може секој да си го дозволи - коментира продавач од скопскиот зелен пазар „Буњаковец“.

Инаку максималната цена што ја достигна краставицата зимоска беше 120 денари, па дури истовремено беше поскапа од доматот. 

А.К.

Слично

Поврзани вести