Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крај на шестгодишната доминација на МЗТ Скопје во Македонија, титулата се врати кај Работнички

Крај на шестгодишната доминација на МЗТ Скопје во Македонија, титулата се врати кај Работнички

Фото: Спортмедиа

Работнички го совлада МЗТ Скопје со 87:84 (16-25; 24-23; 17-15; 30-21) и со три победи од три натпревари во финалната-серија ја прекина шестгодишната доминација на скопскиот ривал во македонската кошарка. Ова е 15-ти шампионски трофеј за тимот од „Градски парк“.

Вечерва во „Градски парк" трибините не беа преполни, бројот на билети беше ограничен од безбедносни причини, но третиот меч од финалето на плеј-офот, се играше.
МЗТ откако ја освои својата прва титула на 2 мај 2012 година, љубоморно го чуваше трофејот и не го даваше, но после 2.214 дена, на „аеродромци" им се случи и тоа, повеќе да не бидат македонски шампиони.
Туку приматот да им го преземе нивниот најлут ривал – Работнички.

Слично

Поврзани вести