Костадиновски со демант на обвинувањата на Николовски за проектот „Јапонска помош“
Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ги демантираше обвинувањата што денеска ги изнесе дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски а се однесуваат на злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација.
Се работи за фонд во висина од 12 милиони долари помош од Владата на Јапонија.
„Наместо власта, преку МЗШВ, да ја користи оваа помош за бескаматни кредити за земјоделците, за набавка на трактори, документите коишто денеска ги објавувам покажуваат огромни злоупотреби со парите од овој Фонд, на штета на земјоделците“, обвини Николвоски.
Костадиновски пак демантира.
„Нормално мора и ќе има одговорност за тие предмети за кои истрагата ќе утврди дека имало пропусти, а впрочем, за надминување на тој проблем. Во Министерството од кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, на барање на земјоделците, а поврзано со јапонската помош и средствата од помошта за набавка на механизација, овозможивме оние кои не се во можност да ги отплаќаат долговите и ратите, да може да се пребива со субвенициите, на кои имаат право и редовно ги остваруват, изјави Костадиновски.
Сите оние кои во претходниот период немале можност да ги отплаќаат долговите, додаде, ќе бидат повикани во соодветна постапка да ги порамнат своите долгови со субвенциите кои ги остваруваат. – За криминалите кои ги спомнува дополнителниот заменик-технички министер во оставка, го упатувам малку да пролиста, да види во нивното време како се доделуваа земјоделските машини, без каква било основа и каков било акт и во таа смисла се доведувани во заблуда и на неоснован начин во нерегуларна постапка да бидат доведени во тешка состојба. Како и да е, одговорност мора да има, а одговорноста ќе биде на тие кои во тоа време ја извршила та недозволена постапка, посочи Костадиновски.
