Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово во вторник целосно се повлекува од „царинската војна“?

Косово во вторник целосно се повлекува од „царинската војна“?

Косово во текот на следната недела комплетно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини, дознава ТВ 24 .

Според неофицијалните информации, одлуката ќе биде повлечена во вторник, за кога во Косово е закажана владина седница.

Според сознанијата на Телевизија 24, ваквата одлука доаѓа по вчерашната средба меѓу македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија, Бајрам Хасани.

Ова доаѓа по веста дека косовската Влада воведе времена мерка за зголемена царина од 30 отсто за одредени овошја и зеленчук од Македонија.


Слично

Поврзани вести