Економија, финансии, бизнис

Контакт

Korpa го слави својот втор роденден со постигнат рекорден успех во 2023 година и постави стандарди во брзината на доставата!

Korpa го слави својот втор роденден со постигнат рекорден успех во 2023 година и постави стандарди во брзината на доставата!

На 11 јануари се навршуваат две години откако Korpa ја започна својата мисија во Македонија. Две години во кои ги смени правилата на игра во доставата на храна и намирници до посакувана адреса и стана нераскинлив дел од секојдневните навики на граѓаните во Скопје.

2023 година оваа компанија ја заокружи со повеќе од 70.000 задоволни корисници и над 500.000 успешно доставени нарачки, со што скопските корисници го зголемија нарачувањето на храна и намирници за 130 отсто во споредба со 2022 година. Соработувајќи со повеќе од 300 партнери, мрежа на ресторани и специјализирани продавници се зголеми за 50 отсто во однос на 2022 година. Покрај достава на храна како основна дејност, Korpa ја прошири својата понуда и на специјализирани продавници, како што се аптеки, продавници за пијалоци, козметика, цвеќарници и многу повеќе.

Интересни факти поврзани со потрошувачки навики на Македонците

Бургерот е без сомнение најпопуларно и најчесто нарачувано јадење преку платформите за достава на храна, како во светот, така и кај нас. Покрај омилениот бургер, вторанајчесто нарачувана храна е гирото, додека третото место и припаѓа на италијанската кујна, т.е пицата.

Најпопуларен ден за нарачки е петок, додека најактивен месец во поглед на бројот на нарачки беше декември 2023 година, каде еден од лојалните корисници на Korpa направи нарачка во вредност од 19.800,00 денари со што постави не само личен рекорд во поглед на висината на нарачката, туку и на сите други корисници на апликацијата. Покрај него, посебно се издвојува и корисникот кој направи 547 нарачки во 2023 година, со што потврди дека со просечно 1,5 нарачка дневно ја прави Korpa составен дел од неговиот живот.

Се погоре наведено не би било можно без тивките и скриени херои – Korpa доставувачи, кои во 2023 година поминаа повеќе од 2.5 милиони километри низ главниот град и со насмевка на лице доставуваат до вратите на корисниците.

Сите нарачки во просек беа доставени за 34 минути од моментот на креирање на нарачката од страна на корисникот, до моментот на испорака на истата, додека најбрзо доставена нарачка е реализирана за рекордни 9 минунтии тоа од страна на велосипедист.

„Korpa денес е синоним за квалитет, брза и ефикасна достава на храна и намирници.Успешното работење во претходната година, како и одличната соработка со нашите партнери и корисници ни претставуваат предизвик и во иднина се повеќе да го подобруваме корисничкото искуство и да продолжиме да ги поставуваме стандардите во областа на е-трговијата и во брзината на доставата.Во годината која е пред нас планираме да се прошириме и да ја отвориме вратата на Korpa во други градови во Македонија, бидејќи во континуитет добиваме такви барања од граѓаните, а секако нашата цел е да го олесниме секојдневието и овој брз ритам на живот, на што повеќе клиенти“, истакнаа од менаџментот на Korpa.mk платформата.

Посебни промоции по повод вториот  роденден на Korpa

По повод роденденот, денес корисниците на Korpa апликацијата ќе имаат можност да прават нарачки со промотивна цена на достава од 30 денари за сите нарачки над 600 денари, апартнеритена Korpaсе приклучија со попусти дури до 50 отсто.

“Свесни сме дека секоја ваква акција ги радува нашите верни корисници и затоа сме спремни денес да постигнеме нов рекорд во нарачките.” – истакнаа од менаџментот на Korpa.mk платформата.

Со Korpa.mk, вашиот оброк е на само неколку кликовиод вас. Продолжете да уживате во вкусни оброци и удобноста на брза достава во 2024 година!

Korpa.mk –Доставуваме до Вашата врата!

Слично

Поврзани вести