Корисниците изгласаа, ова се најдобрите македонски сајтови за 2012-та!
Оф нет е избран за најдобар сајт на 2012 година, покажаа гласовите на македонските интернет корисници. Манифестацијата се одржува третпат и ја организираат „Медиа солушнс“ и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk под покровителство на Амбасадата на Словачка и Здружението на интерактивно огласување ИАБ Македонија.
Еве како по категории изгледаше листата на најдобрите портали.
Најдобар сајт за 2012 година: Оф нет
Најдобар сајт според публика: Факултети
Најдобар сајт според дизајн: Црно- бело
Најдобар забавен сајт: Мотика
Најдобар информативен сајт: Курир
Најдобар спортски сајт: Суперспорт
Најдобар бизнис/корпоративен сајт: Волксваген
Најиновативен сајт: Грид
Најдобар сајт за е-трговија: Купи книга
Најдобар сајт за невладини организации: Борка
Најдобар сајт за образование: Универзитет Св. Кирил и Методиј
Најдобар мобилен сајт: Кајгана
Најдобар сајт за владини/државни институции: Катастар
Најдобар блог: Креативен вомиториум
Слично
