Корисен рецепт за темни подочњаци
Се што ви е потребно да се решите од оваа несакана појава се: една лажица суво нане, еден децилитар дестилирана вода, лажица желатин и лажица бадемово масло.
Нането се прелива со зовриената дестилирана вода и се остава да отстои 15-20 минути потоа се прецедува и пак се загрева малку . Потоа се додава и меша желатинот додека се растопи а потоа на крај се додава бадемовото масло.
Овој гел чувајте го во фрижидер во добро затворен стаклен сад (шишенце, тегла...) и нанесувајте од него наутро.
Слично
