Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контролни маркички на брашното

Контролни маркички на брашното

Брашното кое од денеска се става во промет мора да има контролна маркичка која ќе биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информира дека компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка.

- Согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка и да ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. Исто така  операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето, ознаките видливо и трајно се оштетуваат, наведуваат од Министерството.

Слично

Поврзани вести