Конор МекГрегор - Од социјална помош до борец милионер
Борецот Конор МекГрегор кој настапува во шампионатите со мешани боречки вештини е еден од најбогатите спортисти во последните години кој заработува многу пари како од борбите така и од спонзорите кои се „тепаат“ за да биде нивно заштитно лице, а голем профит има и од неговите профили на социјалните мрежи каде пласира производи и ја промовира сопствената модна линија.
Почетоците за борбениот Ирец не биле сјајни, тој земал социјална помош и одвај врзувал крај со крај. Тој сепак, покажува дека е голем борец како во животот, така и во рингот.
Наскоро ќе се одржи егзибицискиот меч со боксерската легенда Флојд „Пари“ Мејдведер која се очекува да донесе половина милијарда долари приходи. Загарантирана сума со која МекГрегор ќе си замине без оглед дали ќе победи е 75 милиони долари.
