Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?
ФОРТОНМКА и оваа година ја најави втората
годишна Конференција за недвижности која ќе се одржи на 22 мај во Скопје.
Настанот ветува дека ќе биде епицентар на знаења, современи стратегии и иновации кои ќе го формираат пазарот на
комерцијални недвижности во иднина.
На оваа конференција ќе присуствуваат врвни
професионалци од локалната и меѓународната сцена, вклучувајќи искусни менаџери,
инвеститори, аналитичари и архитекти, кои ќе споделат свои искуства и примери.
Оваа година, конференцијата ќе понуди динамични дискусии на теми како
урбанизација, урбанистичко планирање, финансирање на инвестиции и развој на
станбени и комерцијални објекти.
Конференцијата ќе ви овозможи директен увид во
актуелните трендови и идни предизвици на пазарот, со фокус на структурно
прилагодување кон побарувачките на пазарот и економските промени. Панел
дискусиите ќе ги обработат клучните области вклучувајќи и можности за
инвестиции во хотелски капацитети и нови концепти во малопродажбата.

За регистрација на оваа конференција повеќе
информации заинтересираните може да добијат на веб-страницата на Конференцијата
и да бидат дел од овој значаен настан и дијалогот кој ја обликува иднината на
комерцијалниот пазар на недвижности. Дознајте повеќе на: https://realestateconference.mk/mk/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0/
