Концерт на истакнатиот македонски трубач проф д-р Љупчо Коскаров
Вчеравечер во Музејот на македонска борба одржа концерт истакнатиот македонски трубач проф. д-р Љупчо Коскаров. Коскаров настапи во дуо со пијанистот Дарко Мариновски во рамки на Фестивалот „Златна Лира“ .

Во неговата, речиси четири децениска уметничка дејност, Коскаров има реализирано голем број музички настапи и проекти во речиси сите музички жанри: класична, џез и поп музика, на меѓународната и домашната сцена: Англија, Франција, Германија, Србија, Хрватска, Бугарија.
На домашниот фестивалски подиум, тој е редовен гостин на сите значајни фестивали: Охридско лето, Скопско лето, Златна лира, Денови на македонска музика.
Од 2019та година работи како Декан на факултетот за музика при Универзитетот Еуропа Прима во Скопје.
Фестивалот кој е во организација на Сојузот на музички уметници од Македонија, оваа година се одржува од 16-31 октомври.
