Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коњановски: Ако сакаме пласман, ни требаат конкурентни овошни сорти

Коњановски: Ако сакаме пласман, ни требаат конкурентни овошни сорти

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, денеска побара земјоделците да почнат да одгледуваат сорти на овошје кои се барани на пазарите низ Европа.

„Мораме да го менуваме менталитетот, она што се случува во европски и светски рамки да го применуваме и тука“, истакна Коњановски на денешната промоција на експерименталниот овошен насад во ресенското основното училиште „Цар Самоил“.

Како главен проблем кај нас тој ја посочи лошата и неефикасна политика при изборот на овошните сорти.

„Експерименталниот насад во училиштето „Цар Самоил“ треба да биде појдовна основа за натамошниот развој на овоштарството не само во Преспа, туку воопшто во државава. Министерството е подготвено да помогне во секој момент во оваа насока, колку што е во можност“, рече Коњановски.

Слично

Поврзани вести