Компанијата Виолета донира хигиенски производи за три клиники
КОМПАНИЈАТА ВИОЛЕТА донира хигиенски производи на Инфективна клиника во Скопје и на Клиниките за гинекологија и акушерство Државна болница и Мајка Тереза Чаир
Вондредната состојба предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид 19 ги зафати сите сектори, особено здравствениот, не само во регионот туку и во целиот свет.
Исто така, побарувачката за производи за хигиена стана далеку поголема од вообичаената, па затоа е важно компаниите и брендовите вклучени во производството на овие производи да ја препознаат потребата и да помогнат таму каде што е најпотребно.
Водејќи се од ова, компанијата Виолета одлучи да поддржи дел од здравствените установи со тоа што ќе донира хигиенски производи од својот асортиман.
Донациите се наменети за Клиниката за инфективни болести во Државната болница во Скопје, која ќе добие резерви од течен сапун, хартиени брисачи, тоалетна хартија и медицински ролни.
Од компанијата Виолета порачуваат дека е важно да имаме друштвена одговорност, но и одговорност како индивидуи, бидејќи сега е ситуација кога можеме сите да придонесеме и да помогнеме.Треба да ги подржиме нашите вистински херои кои работат во здравството и секој ден се борат на фронтот, ако ништо друго да ги почитуваме мерките за безбедност и да внимаваме на себеси и луѓето околу нас.
