Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компанијата „Индо минерали и метали“ – дел од акцијата „Ден на дрвото“

Компанијата „Индо минерали и метали“ – дел од акцијата „Ден на дрвото“
Индо минерали и метали учествуваше во денешната акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина. Со цел одбележување на денот на дрвото, 40 вработени во Индо минерали и метали во текот на денот засадуваа садници и помогнаа во разубавувањето и декорирањето на паркот во Општина Пробиштип. Индо минерали и метали е рударска компанија специјализирани за цинк и олово. Акцијата ја поддржаа и во 2013 година кога засадија 4 000 садници, од кои 2 000 беа во Тораница, а 2 000 во Злетово. Менаџментот на компанијата се надева дека ќе ја поддржат оваа акција и во 2015 година. Преку ваквата активност компанијата сака да ја подигне јавната свест за околината и да го потенцира значењето на потребниот придонес од компаниите и граѓаните  кон подобрување на околината. Покрај овие активности, компанијата Индо минерали и метали, како дел од Бинани Групацијата, во последниве години постигна успешна соработка во различни области. ИММ е долгогодишен спонзор на спортскиот тим од Пробиштип, донатор на книги и играчки за локалната библиотека и градинка, како и донатор на средства во фондот наменет за локалната патна инфраструктура кој се реализира од локалната самоуправа. Индо минерали и метали, исто така се грижи и за пензионерите – со донација за изградба на старски дом во Злетово и со спонзорство за транспорт на старите лица.
Слично

Поврзани вести