Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПАНИЈАТА АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ, ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ 2016

КОМПАНИЈАТА АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ, ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ 2016

Традиционално и оваа година, АрцелорМиттал Скопје го одбележа „Денот на потрошувачите“ заедно со своите вработени, клиенти, соработници и партнери. Овогодинешниот,петти по ред „Ден на Потрошувачите” се одржа во новоотворениот хотел Мериот во Скопје, а истиот претставува еден од најголемите настани за компанијата.

На настанот присуствуваа повеќе од 60 потрошувачи од повеќе европски земји, како и претставници од АрцелорМиттал групацијата кои преку своето обраќање им се заблагодарија на присутните за континуираната поддршка и доверба.

За време на самиот настан беа претставени најновите достигнувања и идните планови на компанијата.

Во прилог погледнете ја фотогалеријатаод настанот.



Слично

Поврзани вести