Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комерцијална банка со специјално признание за општествена одговорност

Комерцијална банка со специјално признание за општествена одговорност

Комерцијална банка АД Скопје на годинашното осмо по ред доделување национални награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2014 година, го освои престижното признание за најинвентивна практика, што се доделува за прв пат, во конкуренција на 50 проекти. Признанието за Најинвентивна практика за проектот „За исти права и можности“, како и единствената статуетка во категоријата „Односи на пазарот“за големи претпријатија, за истиот проект, доделена и е на Комерцијална банка за адаптираното решение за електронско банкарство. Со ова решение на лицата со целосно оштетен вид им се овозможува самостоен пристап и олеснето користење на услугите на Банката, а за таа цел беа одржани и обуки за сите заинтересирани слепи лица од повеќе градови од републиката. Проектот беше реализиран во соработка со Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Проектот „Семеен центар за жртви на насилство“, реализиран во соработка со Х.Е.Р.А и Град Скопје, а предложен во категоријата „Вложување во заедницата„ оваа година беше награден со плакета во конкуренција од 21 проект на големи претпријатија.

„И двата наградени проекти, се развојни и се реализирани во соработка со засегнатите страни и здруженија на граѓани. Воедно претставуваат нов пристап кон решавање и ублажување на проблемот со кој се засегнати целните групи. За успешна реализација на проектите од општествена одговорност најголем придонес дадоа вработените во Банката со својата креативност и вонреден ангажман„, објаснуваат од Комерцијална банка.

Нациоаналната награда за најдобри општествено одговорни практики е подржана и финансирана од Министерството за економија и кофинансирана од Европската унија преку проектот „Општествена одговорносот за сите„ и Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

Слично

Поврзани вести