Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колоритен есенски амбиент во домот со колекцијата на Coincasa

Колоритен есенски амбиент во домот со колекцијата на Coincasa
Со eсента на прагот, најновата колекција на Coincasa носи убави идеи, интересни аксесоари и уникатни декоративни елементи за освежување на домот во пресрет на новата сезона. Познатиот италијански бренд што секогаш нуди одлични колекции за секоја сезона од годината, овој пат боите на есента ги стави во центарот на својот фокус. Chelsea Market Есента 2015 година е во знакот на Chelsea Market, која е ексклузивна колекција на Coincasa во сите нијанси на неутрални бои: кафена, зелена и портокалова. Тема со силно и самоуверено расположение. Палетата на бои е инспирирана од есента, нејзината атмосфера и боите на нејзините плодови. Интензивноста и сериозноста на темните бои коегзистираат во постелнините со топла бела боја со допири од нијанси на светли бои. letto acquerello-019 low Текстилот има врвен квалитет, со изглед на слики кои треба да се врамат, со вткаени модни реплики. Креветите се облечени со фина постелнина, цвеќиња и пејзажи, кои коегзистираат со класичен тартан. Се провлекуваат и етно мотиви и ретро фигури, во разновидност од допирот на винтиџ изгледот, каде скулптурните форми се преплетуваат со секојдневни предмети. Мебелот  е најчесто од дрво со силна визуелна и тактична сензација, која понекогаш е прошарена со темни нијанси. Комбинацијата на мебел и предмети од различни периоди е актуелизирана со финишот, обединет со една, униформирана боја. Оваа колекција е непрекинат извор од кој можат да се извлечат бои, комбинации и дизајни и да се почувствува духот на личноста која ги поседув Up Town Јасна и современа палета, каде природната постелнина ги стоплува многуте нијанси на сино и поинтензивната сина боја. Текстилните текстури и декорот и акварелните пејзажи го облекуваат креветот со мек текстил. Рафинираност и софистицираност. Металните елементи, во сјајна сребрена боја, или пак со текстура, се секогаш присутни и измешани со камчиња и монисти, со цел да им дадат живост на предметите и композициите. Дрвото е чисто и мазно, порцеланот има обработени површини, додека пак чашите се во фокусот поради нивната можност да потенцираат светлина. dispensa-007 low   Декоративните предмети се фокусираат на квалитет, автентични материјали за изработка, нега и посветување на внимание на деталите. Предмети со приказни за раскажување и уникатен имиџ. Специјалните предмети потсетуваат на т.н. Wunderkammer, или соба со чуда, колекција на ретки предмети од колекционерите на предмети од седумнаесеттиот век. Колекцијата е од многу материјали: дрво, метал, коска, стаклени вазни, рачно изработена и декорирана керамика, кожа. colazione bon ton-002 low Up Town е квалитетна колекција, со голем број на декоративни предмети: глави од коњи, гипсени статуи (кои се во тренд), куфери, декоративни чинии за на ѕид, кутии за накит, кутии, глобуси, послужавници, слики на платно, фотографии, и кошници од бакарна жица. Постелнини Есен/Зима Јасни и темни бои. Ова е тематиката која најмногу го карактеризира светот на текстилот од колекцијата Есен/Зима 2015 година на Coincasa. Развиена е пред се во типични есенски бои, како зелена, окер и некои нијанси на црвено вино и портокалово. Најрепрезентативната шема во одделот е дигитален принт на рози со типичен винтиџ допир, кој е присутен не само во постелнините, туку и во светот на останатиот мебел, во завесите, фотелјите и пешкирите. Прекривките за јорган со тартан дезен одговараат на дигитално печатените навлаки за перници, кои отсликуваат два различни импресионистички пејзажи, нацртани ексклузивно за Coincasa. Во овој оддел исто така се наоѓаат неколку серии на чаршафи, прекривки за јоргани, како и навлаки за перници од лен и сатен, во чиста окер боја. bagno trendy pink-001 low Чаршафите со етно дигитален принт се од чист памук со топли тонови на портокалово. Комбинацијата на главната винтиџ тема, со контрастни допири на етно е инспирирана од типичниот вкус на Њујоршкиот Челзи Маркет и креира совршен баланс.   Целосната понуда е надополнета со неколку карирани дезени, изработени во Италија, линии и мозаични шеми. Текстилот за бања, како и додатоците се апсолутно во согласност со темата и се одлично интегрирани со сите други делови. Тренди розева Темата е поделена во три микро светови, кои се инспирирани од облеката и мебелот. Цветниот принт на памук и на сатен, со софистициран стил, кој е истовремено и силен и елегантен, ја декорира спалната соба со посвеж дезен, додека пак хибискус бојата на памучните постелнини, се комбинира со додатоци, како мек мохер. cucina polenta-004 low Ова е исто така присутно во колекцијата изработена во Италија, со принтови на лен во розови нијанси, како и виолетова со кантри/винтиџ стил, кој се отсликува и во шемите на прекривките за кревети, кои се секогаш хит кај потрошувачите.  
Слично

Поврзани вести