Колку труд е потребно за производство на цвеќе?
Во Србија се зголемува бројот на земјоделци кои се ориентираат на проиводство на цвеќе, откако град им ги уништи зеленчуците во пластениците.
Семејството Петровиќ од селото Станчиќ кај Чачак се занимава со оваа дејност.
“ Со цвеќарство се занимаваме последните 13 години. Ние сме 6 луѓе и се занимаваме исклучиво со цвеќарство. Цвеќарството е како градинка, како бебиња кои бараат надгледување на неколку часа“ - вели Слободан.
Цвеќе имаат во 6 пластеници на површина од 3.000 квадрати. Секоја година производството го зголемуваат од 10 до 50% , а оваа година имаат 200.000 билки.
„Ако се работи плански, ако се вложува и модернизира, има заработка“-додава Слободан.
Ова семејство живее само од оваа работа и засега се задоволни од приходите.
