(ВИДЕО) Колку социјалните мрежи влијаат на самодовербата на тинејџерите
Самодовербата на тинејџерките во Велика Британија драматично паднала во последните седум години. Во исто време користењето на социјалните медиуми расте. Слична е состојбата и во регионот каде децата во првите одделенија во основна школа отвараат свои Фејсбук профили, пишува Дејл Меил.
Анкетата направена во Велика Британија на 50.000 ученици открила дека само една од три 15-годишни девојки има висока самодоверба.
Главната причина поради која девојките имаат ниска самодоверба е нивниот изглед - оваа жалба далеку ги надминува било какви проблеми во школо или семејниот живот.
Бројките од истражувањето покажуваат огромен пад на самодовербата од 2007 година - што е година кога започнала економската криза.
Денеска само 33 посто девојки во периодот од 14 до 15 има добро мислење за себе, додека во 2007 година 41 посто од девојките имале високо ниво на самодоверба.
Момчињата во истиот период имаат значајно повеќе самодоверба. 50 од нив откриваат дека имаат високо ниво на самодоверба.
Додека социјалните медиуми се клчен фактор во падот на самодовербата кај тинејџерите, економската криза исто така е препознаена како дел од проблемот.
Загрижуваат и податоците за 62 посто од девојчињата во периодот од 14 до 15 година и 53 посто од девојчињата во период од 12 до 13 години кои сакаат да ослабнат, а советите за тоа ги бараат на интернет.
Дури и децата во период од 10 до 11 години станале загрижени поради својот изглед, а 33 посто од нив покажуваат желба да ослабнат неколку килограми.
