Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку се штетни пластичните кеси?

Колку се штетни пластичните кеси?
Во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот одпад тешко се управува и најчесто завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичната кеси трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата, воздухот. ПроКредит Банка започна акција за намалување на употребата на пластични кеси  ‘’РАЗМИСЛИ ОДГОВОРНО“ за штетата која ни ја прават пластичните кеси’’ е пораката која ПроКредит Банка ја испраќа до сите граѓани со акцијата за намалување на употребата на пластичните кеси. Целта на ПроКредит Банка со оваа акција е да ја подигне свеста за негативното влијание на палстичните кеси кои завршуваат во животната средина, да поттикне замена на пластичната кеса со алтернатива која помалку загадува, а со тоа и да придонесе за почиста и поздрава животна средина. За таа цел во во рамки на кампањата ПроКредит на граѓаните ќе им подари платнени ЕКО торби, изработени од 100% органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано производсво со минимален ефект на животната средина. ‘’Ние во ПроКредит сме скромни и свесни дека не можеме да го промениме светот, но сме сигурни дека можеме да обезбедиме добри примери со преземање на директни иницијативи. Заедно со секој кој ќе одлучи да ја замени пластична кеса со модерна и реупотреблива алтернатива, даваме активен придонес за намалување на количината на палстични кеси насекаде околу нас-водата, почвата, воздухот. Памалку пластични кеси значи почиста животна средина, поздрави земјоделски производи, подобро здравје за секој од нас. ’’ велат од ПроКредит Банка за ваквата изницијатива. prokredit2 Пластичните кеси се втор најзастапен одпад во животната среди после отпушоците од цигари. Само во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични кеси годишно. Таквиот одпад тешко се управува, најчество завршува насекаде околу нас. Штетните состојки од пластичната кеси трајно ги уништуваат природните ресурси. Секој граѓанин може да тргне од сопствените навики. ПроКредит Групација со оваа порака делува во 11 земји каде што активно работи и придонесува со своите стандарди за заштита на животната средина. prokredit3 Остварувањето на ваквата мисија е невозможно без соработка со партнери кои ја делат истата одговорност,грижа и делување за животната средина. Со подарок платнена ЕКО торба, оваа порака се испраќа до граѓаните преку продажните мрежи на поддржувачите на акцијата на ПроКредит: Веро, Табернакул, Просветно Дело, Гранап маркет, Виола Фармација, ХУБО Маркет и др. Покрај овие локации и дирекните промоции, бесплатен примерок од органска еко торбичка граѓаните може да добијат во сите експозитури на ПроКредит Банка.
Слично

Поврзани вести