Колку пари изгореа во „Македонски пошти“?
Македонски пошти“ не биле осигурани од штета, обелодени директорот на институција, Рафис Алити. Сепак според него тоа не било проблем, бидејќи тендерот за избор на осигурителна компанија е во тек а победникот ќе имал обврски да ја плати штетата. Односно во тендерот имало клаузула со која се обврзува осигурителната компанија што ќе победи на тендерот да ги преземе сите штети што се случиле во периодот од 1 – ви јануари 2013. Но сепак Алити немаше конкретен догвоор што доколку сега сите заинтерсирани комапнии се повлечат од теднерот поради штетата направена од вчерашниот пожар.
Но, дали во „Македонски пошти“ изгореа и пари и колку засега нема официјлан информација. Откако избувнал пожарот, вработените ги оставиле парите во жечезни каси и избегале надвор. За колку пари се работи никој не кажува, но станува збор за дневниот промет. Сепак дел од парите биле во сефовите, па затоа од Македонски пошти се надеваат дека изгорени сите пари.
- Засега не можеме да ја кажеме висината на штетата. Управниот одбор на АД „Македонска пошта“ – Скопје и денеска ќе се состане. Уште утре ќе се формира Комисија која ќе треба да ги направи проценките за висината на штетата. Денеска пак истражните органи се во зградата и тие ги утврдуваат причините за пожарот, изјави Алити, и додава дека сите пратки нормално функционираат во земјата и се безбедни.
Денеска во земјава не се вршеа парични уплати и исплати , бидејќи главниот сервер во поштата е надвор од функција, но се очекува дека до крајот на денот ќе се воспостави конекција на серверите и ќе може да функционира одделот за наплата .
Пожарот во „Македонски пошти“ според првичните информации избувнал поради краток електричен спој. Во пожарот нема оштетување на архивата а изгорена е кровната конструкција, шалтерите во главната сала, менувачницата, и повеќе канцеларии
Слично
