Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари годинава ќе се потрошат за земјоделски субвенции?

Колку пари годинава ќе се потрошат за земјоделски субвенции?

Годинава помалку средства ќе се потрошат за земјоделски субвенции. 

Земјоделците годинава ќе добијат 99,8 милиони евра директни субвенции.

Тоа е за нешто над 10 милиони евра помалку од лани кога се исплатија 110,1 милиони евра. И двете суми се далеку од 160 – те милиони евра за субвенции ветени во предизборната програма на Владата.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски изјави дека не може да се спореди носење на новата програма со реализација на претходната. Тој најавува дека со ребалансот на Буџетот ќе се обезедат дополнителни средства за обесштетување на лозарите што значи повеќе пари за земјоделството.

Од Министерството за земјоделство објаснуваат дека во програмата за финансиска поддршка се зголемуваат субвенциите за повеќе земјоделски култури и сточарски производи, а се воведуваат и неколку нови мерки, меѓу кои и “зелената нафта”, што ќе опфати 55.000 земјоделци.

Слично

Поврзани вести