Колку луѓе не треба да спијат за компанијата да има добри резултати?
- Како да создадете одговорност (oтчестност) во Вашата организација?
-Дали уште при регрутација барате луѓе кои ќе прифатат лична одговорност за резултатите
на компанијата?
- Дали градите одговорно однесување преку фокус на системот на наградување?
-Или ги обучувате луѓето преку промена на корпоративната култура?
Потсетете се на добар одбојкарски тим. Кога надоаѓа топката од спортивната страна, играчите велат ‘моја’, притоа проактивно преземајки одговорност/отчетност да одговорат на ударот кој надоаѓа. А, сега сетете се што најчесто се случува во компанииите кога се појавува непланирана задача. Најчесто вработените даваат одговор: тоа не е моја работа.
Целта е со помош на Adizes методологијата, според Leadership Excellence рангирана помеѓу 10-те светски водечки методологии за бизнис и лидерство, да Ви се помогне компанијата да ја изградите како победнички одбојкарски тим, кој е во најдобра форма.
За таа цел, Clear View Business Training Center, го организира правиот ексклузивен Adizes SEE форум на директори, на кој темата е Одговорност во бизнисот: откријте ги и научете како да ги избегнете замките на одговорност поради кои бизнисите пропаѓаат.
Предавач ќе биде д-р Звездан Хорват, сениор Adizes консултант, директор на Adizes институтот за Источна Европа и партнер во Аdizes South East Europe, кој има 20 годишна експертиза во `лечење` организации распространети од САД до Кина и води проекти за организациска промени во компании кои се наградувани како најдобри бизниси во југо-источна и источна Европа.
Adizes SEE форум на директори е наменет за основачи, извршни директори, членови на семејни бизниси, менаџери од прво и второ ниво во компании, и менаџери за човечки ресурси.
Настанот ќе се одржи на 25 ноември, вторник, од 10 до 14 часот во просториите на Стопанска комора на Р.М.
Можете да се регистрирате до 25 ноември, понеделник на info@clearview.com.mk и 070 29 44 19 (Ирена Ефремовска).
Не го пропуштајте бизнис настанот кој обработува тема што прави разлика во ефективноста на менаџмент и резултатите на бизнисот, а е најчесто занемарена.
