Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе ве чини да изнајмите остров?

Колку ќе ве чини да изнајмите остров?

Ако сакате да одморате на осамен остров, кој целосно ќе ви биде на располагање, веќе ја имате таа можност, благодарение на Airbnb. 

Птичјиот остров е лоциран крај брегот на Пласенсиа во земјата Белизе, а ова задоволство ќе ве чини 495 долари на вечер, но со минимум престој од три ноќи. На островот може да се сместат четири лица, а има три спални и четири кревети. Сумата за изнајмување вклучува и неколку статисти - превоз од и до островот од Пласенсиа, два кајака, локален телефон и WiFi, тераса, погодна за сончање, како и кујна, во која може да се подготви храна за пикник на островот. Може да користите и кула за набљудување на птиците, а освен тоа таму е и една од најдобрите зони за нуркање и риболов во Белизе. 

Слично

Поврзани вести