Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини да се биде како Џејмс Бонд?

Колку чини да се биде како Џејмс Бонд?

Не е тајна тоа дека Џејмс Бонд живее опасно, но и дека сака луксузен стил на живот. Но колку тој всушност мора да плати за сета таа облека, модни додатоци и автомобили?

Убави жени, јахти, добри часовници и вотка-мартини се работите кои најчесто секој просечен познавач на филмот ги поврзува со тајниот агент 007. Ако сакате да живеете како него во последното продолжение „Spectre“ (Спектра) , мора да издвоите поголема сума на пари.

Автомобилите се една во низата причини зошто секој маж сака да биде токму како тајниот агент 007. Во последно време Џејмс Бонд ужива „јавајќи“ го Aston Martin DB10, за кој се проценува дека на аукцјата следната година ќе постигне цена од 1,5 милиони долари.

The cost to be James BondHere’s how much it costs to be James Bond. Posted by Tech Insider on четврток, 5 ноември 2015

Шпионот не би бил целосен без врвната додатна опрема па така Бонд поседува паметен телефон Xperia Z5 (телефон кој веќе е достапен кај нас и може да го најдете во Сони) а тој чини 927 долари. Часовниците секогаш беа во фокусот на вниманието кога се работи за филмофите на Бонд, а иако неговиот примарен избор секогаш бил Rolex (според книгите), Omega е уште од Piercе Brosnan главен спонзор на овој филмски серијал. Даниел Грег го носи часовникот од Seamaster 300 во вредност од 7500 долари, а зад себе секогаш го има фотоапаратот  Sony RX100 IV (кој исто така може да го најдете во продавниците на Сони кај нас) за 948 долари и пиштолот Heckler & Koch VP9 вреден 719 долари.

Да живееш како Џејмс Бонд значи да пиеш вотка- а шише  limited edition Belvedere Вотка чини 41 долар-но и шампањ. Bollinger за новото продолжение за тајниот агент направи посебен кристален сад за ладење со шише Bollinger RD 1988 Magnum, што се заедно чини 6897 долари.

Џејмс Бонд носи очила за сонце Tom Ford за 405 долари, а кога е на снег, тие чинат 490 долари. Кога е во акција, носи јакна вредна 2 222 долари, а за фини варијанти сакоа на Ford за 4.390 долари и неговите панталони кои чинат 1.531 долар.

Даниел Грег веќе во неколку продолженија за најпознатиот таен агент облекува елегантни чевли Crocket & Jones. Складно дизајниран модел од црна кожа чини 597 долари. Исто така сака да носи долчевита од кашмир, која чини 305 долари, и јакна од велур кожа Matchless вредна 1.390 долари.

Живот како што живее најпознатиот таен агент во најновото продолжение на „Spectre“ севкупно чини 1.528.360 долари.

Слично

Поврзани вести