Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини Адам Смит во 21 век?

Колку чини Адам Смит во 21 век?
Реткото оригинално издание на книгата „Богатството на народите" на Адам Смит, една од основите на модерната економија, ќе биде продадена на аукција на 4 септември во Единбург. Се проценува дека цената може да достигне меѓу 30 000 и 50 000 фунти. Малку книги биле толку влијателни, а во исто време нивните автори да се толку непознати. Адам Смит (1723-1790) се смета за татко на економијата. Неговиот главен труд „Богатството на народите" се смета за актуелен и во денешно време. „Богатството на народите"  влијаеше на политичарите на своето време и ги постави темелите на интелектуалната мисла за слободната трговија и економски раст во 19 век ", се вели во претставувањето на аукциската куќа, соопшти  Les echos каде се додава: „Смит исто така, создаде радикално ново разбирање за тоа како функционира човечкото општество.„Богатството на народите" не е само економски труд, но вистинска психолошка студија на животот, здравјето, политички институции, законот и моралот. "
Слично

Поврзани вести