Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чинат најскапите јадења во светот?

Колку чинат најскапите јадења во светот?

Омлет за 1.000 долари или колач со диња и сладолед за над 22.000 долари.

Овие јадења се рангираат меѓу најскапите  во светот. 

Пица Ројал 007 за 4,200 долари

Пицата е создадена за љубителите на Џејмс Бонд и содржи јастози, маринирани во коњак, кавијар, доматен сос, сланина, чаден лосос. Пицата не се испорачува до домовите, иако имало многу барања.

Десерт со црни лубеници и сладолед за 6,100 долари

Црните лубеници се вештачки создадена сорта и се одгледуваат само на островот Хокаидо во Јапонија. Нивната цврстина ја одредува нивната цена.

Десерт со дињи и сладолед, кој чини 22,872 долари

И во овој десерт, како во претходниот, сладоледот не ја  прави цената толку висока, туку плодовите. Оваа сорта дињи се одгледува само за неколку луѓе во светот кои имаат свои ресторани.

Мезе со кавијар „Алмас" од 25.000 долари

Многу ретки видови кавијар, кој се нуди единствено во Иран. Овој кавијар може да биде пронајден во пет ресторани во светот или во продавница Caviar House & Punier во Лондон, каде што се продава во лименка од 24-каратно злато.

Паста со бел тартуфи „Алба" во вредност од 176.000 долари

Овој тартуф го има само во Италија. Пастата, облеана со овој вид бел тартуфа била специјално подготвена за инвеститор од Хонг Конг и неговата сопруга во еден од најлуксузните ресторани во Дубаи „Нобу".



Слично

Поврзани вести