Колку често се практикува сексот на работното место?
Колку вработени не се однесуваат толку професионално на нивното работно место? Според новото истражување, еден од десет вработени го доживеал сексот на работното место!
Според истражувањето спроведено од страна на "Houston Chronicle" изненадувачки број на вработени признале дека не само што флертувале со нивните колеги, туку и се впуштиле во сексуална врска на работното место.
Истражувањето ги носи податоците според кои 22 проценти од вработените признале дека размислуваат за жежок и возбудлив секс на работното место. Додека 41 процент од нив одговориле дека се сомневаат како некои нивни колеги го практикуваат "канцеларискиот секс". Триесет и седум проценти од испитаниците признале дека во еден момент биле во романтична врска со нивниот колега, а половина од нив не гледаат ништо лошо во тоа.
"Не се чувствувате лошо ако се вљубите на работното место. Вашиот работодавец се потрудил да вработи луѓе со кои ги делите истите вредности, принципи, вештини, работна етика и тн. Освен тоа, колегите заедно поминуваат од 8 до 12 часа дневно, па затоа романса на работното место не е ништо необично. Меѓутоа доколку таа романса се претвори во врска бидете внимателни, не кажувајте дека сте заедно додека не сте сигурни дека врската долго ќе опстои", изјавила Расти Руеф.
Слично
