Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е пензијата на една божица? Само 160 долари!

Колкава е пензијата на една божица? Само 160 долари!
Девојчињата во Непал кои се избрани да ја претставуваат индуистичката божица Талеџа на земјата, уште познати како Кумари (што значи „девица“), веќе во пубертетот го губат тој статус. Но наскоро ќе добиваат месечна пензија од 160 долари. Од новоусвоената одлука на непалската Влада ќе профитираат 10 поранешни „божици“. „Иако повеќето Кумари девојчиња потекнуваат од добри семејства, ним им се ускратува многу важен период во животот и тие многу често заостануваат во нашето општество, кое се повеќе е натпреварувачки ориентирано“, изјавил претставник на непалската Влада. Истовремено, Владата ќе се погрижи овие девојчиња да стекнат соодветно образование и пракса за да можат да се снајдат откако ќе го изгубат „божествениот“ статус. Традицијата на обожавање на живите божици Кумари во Непал потекнува од 17-от век.  
Слично

Поврзани вести