Кока-Кола со нов бренд: Протеинско млеко без лактоза
Во американските супер маркети од минатата недела почна да продава Кока-Кола млеко, кое според зборовите на компанијата е млеко со врвен квалитет, бидејќи не содржи лактоза и поседува многу повеќе протеини и калциум.
„Fairlife“ млекото во американските маркети се појави во вторникот, а цената не е баш примамлива. Шише млеко од 1,5 литри чини 4,59 долари. За споредба, просечната цена на млеко од два литри е 2,18 долари.
Од Кока-Кола се надеваат дека млекото ќе стане успешен бренд и дека наскоро ќе почнат да бележат профит од неговата продажба.
Слично
