Кока-Кола дава 1 милион долари за наоѓање алтернатива за шеќер
Coca-Cola објави дека нуди награда од 1 милиони долари за наоѓање на алтернатива на шеќерот, која ќе се користи во храна и пијалоци. Американската компанија се надева некој да и помогне да детектира природно и безбедно соединение кое е со ниска или никаква содржина на калории, што создава исто чувство како шеќерот, кога се присоедини кон пијалок и храна.
Научниците веќе открија природни извори на сладост. Стевијата на пример е околу 300 пати послатка од шеќерот, но не ги имитира останатите нејзини својства: структура, текстура и контрола на влагата.
Фактот дека мултимилијардната компанија се потпре на јавен конкурс да најде замена за шеќер за своите главни производи, зборува многу за состојбата на безалкохолните пијалаци во САД, коментира Quartz.
Американците денес пијат 19% помалку газирани пијалаци, отколку пред 15 години. Основна причина за падот е грижата за здравје кај купувачите. Корисниците се загрижени од односот помеѓу шеќерот и некои хронични заболувања. Токму затоа тие преминуваат кон некои здравствени варијанти како флаширана вода и билни чаеви.
Употребата на шеќер бележи пад и во другите земји. Coca-Cola и Pepsi неодамна најавија дека ќе постават граница на шеќерот во пијалоците во Сингапур, една од првите азиски земји, кои го ограничуваат шеќерот кај пијалоци.
